Тиктокер го покажа најлошиот стан во Њујорк кој чини 1.650 долари месечно – но, што добивате

Њујорк е градот во кој што многу од луѓето би сакале да живеат, но еден познат тиктокер покажал баш и колку тоа не е интересно. Како прво, цените се неверојатно високи, а од ден на ден, според мислењето на ова младо момче е сè полошо.

Неговото видео покажува дека најскапиот стан воедно може да биде и најлош. За само седум денови, ова видео е прегледано над 20 милиони пати, а имало луѓе кои што се насмеале, но на некои дури им се плачело колку глетката е страшна.

Првиот стан чини 1.650 долари месечно, а за него луѓето велат и дека не е толку лош со оглед на тоа што се наоѓа на 5-та авенија во Менхетен.

Корисниците биле шокирани од големината на станот. За таа цена може да добиете една мала соба во која што одвај е сместен еден брачен кревет, мал ормар и кујнски плочи, а станот е целосно празен.

На втората снимка тој го покажал тоалетот и како треба да го користите поради тоа што истиот е заеднички за сите станари од зградата. Освен фактот што целиот комплекс има само еден тоалет, просторот е толку многу тесен што одвај има место за седење.

Тоа значи дека треба да заборавите на миењето раце по завршување со физиолошката потреба, затоа што лавабо нема никаде. Туширањето исто така е комплицирано. Станарот мора да го помине целиот ходник само за да ја користи заедничката туш кабина.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!