Трик злато вреден – наместо омекнувач користете го ова, затоа што е три пати поевтино, а е еднакво ефикасно

Добро се познати сите својства на алкохолниот оцет, а сега може да го искористите и да заштедите пари за омекнувач за алишта.

Тој е природно средство за чистење и омекнување. Ставете пола шолја оцет на алиштата пред перење. Ќе ги направи алиштата меки, чисти и свежи. Ставете го во делот за омекнувач, наместо омекнувач и верувајте ќе има подобар ефект. Во продолжение ќе ви откриеме неколку начини на кои можете да го користите оцетот, а вашите алишта секојпат да бидат свежи и чисти како првиот пат.

АЛКОХОЛНА КИСЕЛИНА КАКО ОМЕКНУВАЧ Алкохолната киселина всушност има ист ефект како омекнувачот. Наместо омекнувач, ставете бел оцет, па ќе добиете уште помеки алишта со овој еколошки омекнувач.

ОТСТРАНУВАЊЕ ДАМКИ ОД ПОТ Киселината во оцетот ќе ви помогне да се ослободите од грдите дамки од пот или дезодоранс, особено од белата облека. Оцетот ја зголемува моќта на вашиот детергент, а се’ што треба да направите е да ставите половина чаша (околу 50 мл оцет) во вашите алишта пред перењето и така ќе ја зголемите моќта на детергентот и ќе ја одржите нивната боја.

НАМАЛУВАЊЕ НА ТАЛОГ ОД ДЕТЕРГЕНТОТ Половина чаша оцет исто така, ефикасно ќе го намали талогот од детергентот на вашите алишта, бидејќи токму тој и штети на вашата кожа.

ОТСТРАНУВА ТВРДОКОРНИ ДАМКИ Ако на облеката имате неколку дамки кои никако не можате да ги исперете, потопете ги во врела вода со половина чаша оцет, оставете преку ноќ и потоа исперете ги како и обично.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!