„Три години не ги допрев прозорите, а блескаат. Ова е тајната“ – Исповед на современа домаќинка

Во редакцијата на еден српски портал пристигнало несекојдневно писмо со порака и совет, како без нималку мака да ги одржувате прозорите чисти. Ви го пренесуваме писмото во целост:

„Пред три години прочитав совет „Како на лесен начин да ги исчистите прозорите“. Денес, по толку години можам да кажам дека блескаат во полн сјај и оттогаш не ги избришав ниту еднаш.

Се викам Драгана и имам 39 години. Мажена сум и имам 3 деца, за себе сметам дека сум добра сопруга и мајка, но мојата свекрва не мисли така.

Во еден момент додека ги бришев прозорите, успивав дете и гледав ручекот да не загори, ми дојде идеја да отворам мал бизнис на интернет.

За две години тој бизнис се прошири, а јас имав можност да ги вработам мојата другарка и мојата сестра. Имав работа преку глава, а време за домашните обврски никаде.

Станот стануваше се понеуреден, а прозорите толку валкани, што почнав да избегнувам гости. Но, бидејќи сакав да бидам совршена домаќинка ја замолив сосетката да ми помогне и станот повторно блескаше. Вечерта кога мојот сопруг дојде чист и уреден, јас бев мртва уморна и несредена.

Кога се ќе се пресмета, работата како домаќинка е толку невидлива и потценета. Жената може да добие проширени вени, потечени нозе, висок притисок, шеќер…

Додека ги гледав прозорите чисти сфатив дека никогаш повеќе нема да земам крпа во рацете. Бев толку наивна и глупава. Се докажував секому, на мојот сопруг и свекрвата, сакав да бидам совршена домаќинка, но тоа не треба да биде така.

Особено апелирам младите жени да го земат својот живот во раце и да се отргнат од друштвено наметнатите норми. Свекрвата одамна ништо не коментира. Искрено ваша Драгана.“

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!