Филипче: Вирусот е мутиран и за неколку часа прави компликации и кај млади лица

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција за нови рестриктивни мерки нагласи дека се соочуваме со бран од мутација на вирусот која сега е различен и многу поопасен. Зголемен е бројот на хоспитализирани, а лекувањето сега трае многу подолго од претходно. Забележано е и влошување на состојбата и кај млади пациенти.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција за нови рестриктивни мерки нагласи дека се соочуваме со бран од мутација на вирусот која сега е различен и многу поопасен. Зголемен е бројот на хоспитализирани, а лекувањето сега трае многу подолго од претходно. Забележано е и влошување на состојбата и кај млади пациенти.

„Имаме голем број на хоспитализирани пациенти, лекувањето трае нешто подолго во однос на минатата година и тоа е дополнителен терен на сите болници и здравствените работници. Сметаме дека празниците кои доаѓаат може да ја комплицираат епидемиолошката состојба и не сакаме да дозволиме да се случи дополнително оптоварување и затоа се сите овие мерки и рестрикции. Состојбата во регионот е слична и во многу други земји се соочуваат со исто така силен бран. Ангажирани се сите болнички капацитети и во функција се сите ковид – болници. Има намалување на инциденцата во некои градови, но во Куманово, Битола, Кичево и Тетово со уште висока инциденца.”, изјави Филипче.

Министерот посочи дека во функција е и болницата во Козле каде се хоспитализираат пациенти. „Имаме една клиничка слика која е многу поразлична. За разлика од претходниот бран кога за 14 дена пациентите оздравуваа, сега на 12 или 13 ден има влошување на состојбата и на млади пациенти, кои за жал завршува и фатално, поради нагло влошување на клиничката слика на белите дробови и на крвта. Смртноста е висока секаде и болеста е еднаква секаде”, додаде Филипче.

Тој дополни дека вакцинацијата која кај нас почна денес добро се спроведува и се вакцинираат околу 300 граѓани на час.

„Двајца од вакцинираните имале колапс и за кратко време биле вратени во нормала, но тоа не е производ на вакцината. Вкупната бројка на вакцинирани кај нас е 10.000 граѓани. Девојката која имаше тромбоза на едното око, по вакцинацијата од Астразенека е пуштена дома и е во добра состојба. Очекуваме и дополнителен број на вакцини и во периодот кој ни претстои”, рече Филипче.

Извор: MKD.mk

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!