ФОТО: Сите му се потсмеваа на старата куќа а тогаш соседот се сети да направи нешто преубаво

Кога Џош Кајганик, од САД слушлал дека соседите му се потсмеваат на куќата на 75- годишниот Леонардо Булока, решил да превземе нешто и да го спречи тоа.

За почеток ја објавил куќата на Фејсбук и повикал, сите хумани луѓе кои имаат некаков материјал или слободно време да помоганат, на овој старец, чија куќа била во очајна состојба.

Одзивот бил феноменален а се појавиле луѓе од секаде, имало од Тексас, Вашингтон па дури и Калифорнија, имало некаде околу 95 луѓе кои дошле да помогнат.

Не поминало долго а куќата го добила новиот изглед. Џош во медиумите е опишан како херој, но како што вели тој, не го направил тоа за слава туку само сакал да направи нешто добро за својот сосед, кој живеел сам и му изгледал тажно.

Во секој случај овој човек треба да ни биде пример, дека со малку труд може да постигнеме големи работи и да разубавиме нечииј живот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!