Манастирот Острог е еден од најпосетените манастири на Балканот, Во него секој верник треба да пристапи со чисто срце и молитва, во надеж дека ќе биде исцелен од Свети Василиј Острошки.
Многу е важно како се доаѓа во манастирот, како сме облечени. Облеката зборува за почитта кон светото место. Жените треба да се со марама на главата, со покриени нозе и раце, а мажите со долги панталони и маици со долги ракави.
Често може да се забележи дека туристите не ги следат правилата на манастирот, а многу е важно како се пристапува и физички и духовно. На Острог може да понесете лични работи и работи на своите блиски, каде се оставаат да преноќат покрај моштите на Свети Василиј Острошки.
После преноќувањето работите се благословени. Тоа е исто како Свети Василиј лично да ве благословил. Луѓето носат и дарови.
Од манастирот може да купите и света вода и масло или пак да запалите свеќи за здравје или за душата на мртвите. Она што никако не треба да направите е да земете нешто од манастирот, дури ниту камен.
Во манастирот се случиле безброј исцелувања, кои монасите редовно ги запишуваат и чуваат како потсетник за чудотворните моќи на ова свето место.




