Што треба да направите за полесниот облик на koвид да не премине во тежок – три работи се најважни

Кога се лекувате дома од kopoна вирус, слушајте ги советите на лекарите и она што е најважно, внимателно следете ги симптомите на оваа подмолна болест. Многу лесно може да се случи од полесен облик на koвид брзо да се премине во потежок.

Експертите предупредуваат дека лесните симптоми на koвид 19 можат многу брзо да ескалираат до сериозни, па дури и по живот опасни симптоми.

Иако повеќето луѓе со koвид 19 имаат лесни симптоми или можеби и воопшто ги немаат, лекарите велат дека луѓето со лесна форма на болест би требало внимателно да ги следат знаците кои потенцијално би можеле да станат опасни.

БРЗО ОД ЛЕСНА ДО ТЕШКА ФОРМА НА БОЛЕСТ

-Оваа болест може кај некого да предизвика лесни симптоми и после тоа да следи брз опоравок. Но, спротивно на ова, овие лица може да бидат болни, да личи дека се опоравуваат и дека им е подобро, а потоа одеднаш сериозно да се разболат 7 до 10 дена подоцна, за што мислиме дека веројатно е поврзано со имунолошкото пореметување или цитокинската бура за која сите слушнавме – вели д-р Дана Хавкинсон, мед.директор за превенција и контрола на Инфективно при Универзитетот во Канзас.

ЦИТОКИНСКАТА БУРА се однесува на прекумерната реакција на имунолошкиот систем и претставува честа компликација кај респираторните болести, како што е koвид 19 и тежок акутен респираторен синдром (SARS).

Кога kopoна вирусот ќе навлезе во белите дробови, го предизвикува имунолошкиот систем да реагира и тоаг имунолошките клетки започнуваат да го напаѓаат вирусот.

Ова предизвикува воспаление. Кај некои луѓе имунолошкиот систем претерано реагира, што резултира со активација на повеќе имуни клетки и доаѓа до хипер-воспаление, состојба која може да биде фатална.

-Обично кога луѓето ќе добијат koвид 19, сè започнува како настинка или воопшто нема симптоми на болест. Но, од тој стадиум инфекцијата може да напредува и да предизвика воспаление на бели дробови, што претставува главна причина поради која луѓето се разболуваат.

Тоа обично се случува околу шестиот или седмиот ден на болеста. Нешто од тоа е поради директното дејство на вирусот врз самите бели дробови, но поголемиот дел е причинет од самиот домаќин – имунолошкиот одговор на пациентот на вирусот, кој може да предизвика синдром на респираторен дистрес – вели д-р Дин.А Блумберг, шеф на одделот за детски заразни болести пти Универизтетот во Калифорнија.

Исто така, постојат извештаи дека некои луѓе со koвид 19 го развиваат она што лекарите го опишуваат како “тивка хипоксија”. Нивото на заситување со кислород во крвта нагло опаѓа, но се случува тоа болниот да не го забележи.

СИГУРНИ ЗНАЦИ ЗА ЗАБОЛУВАЊЕ

Сигурни симптоми може да се појават 2 до 14 дена после изложувањето со вирусот, а тоа се:

  • грозница
  • кашлица
  • морничавост по кожата
  • болки во мускулите
  • главоболка
  • губиток на вкус и мирис
  • отежнато дишење

Експертите велат дека моментно не постои начин да се предвиди дали симптомите на некое лице ќе напредуваат од лесна до тешка форма, иако постојат фактори на ризик кои ова би можеле да го направат веројатно.

-Се чини дека овој вирус и инфекцијата која ја предизвикува се многу непредвидливи. Знаеме за вообичаени симптоми како што се: температура, кашлица, отежнато дишење, но гледаме сè повеќе и други нетипични симптоми.

Покрај тоа, забележуваме ескалација на симптомите од лесна клиничка слика до тешка болест – истакнува д-р Хавкинсон.

Постојат, вели тој, вообичаени фактори на ризик како што се старост, дијабетес, хипертензија, белодробни болести и имуносупресија, но за жал овој процес на развој на болеста и тешка форма може да го погодат било кој, а висовме дека тоа често и се случуваше.

Иако не постои третман кој спречува напредување на симптомите на болеста од лесен облик кон сериозен, д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести од Универизтетот Вандербилт, вели дека постојат некои работи кои луѓето со лесни симптоми може да ги прават дома за да се чувствуваат подобро.

-Мислам дека добрата хидратација ќе помогне да се чувствувате нешто подобро. Ако имате температура, земајте лекови за нејзино спуштање што ќе направи да се чувствувате подобро.

Оној што има грип или било каква респираторна болест, мора да држи подалеку од алкохолни пијалаци. Бидете внимателни и со пијалаците кои содржат кофеин, како што е кафето или чаеви, бидејќи делуваат како диуретици и доведуваат до губиток на течности. Затоа препорачуваме да се пие многу вода – додаде Шафнер.

КАРАНТИН

Блумберг тврди дека дел од причините за брзото ширење на вирусот е тој што оние со благи симптоми не биле правилно изолирани.

-Ако луѓето имаат koвид, а се чувствуваат добро или не се чувствуваат сериозно болно, тие излегуваат надвор и комуницираат со други луѓе. Токму од тие причини имавме вакво експлозивно ширење на заразата ширум светот – забележува тој.

Блумберг советува дека е потребна внимателност особено во првите денови од појавата на симптомите кога вирусот е најзаразен.

-Се чини дека најголемата концентрација во респираторниот тракт е околу 5-6 ден после појавата на симптомите, а потоа постепено опаѓа. Луѓето во текот на овој период, секако кашлаат и киваат, што придонесува за поголемо ширење на вирусот – објаснува тој.

СЛЕДЕЊЕ НА СИМПТОМИТЕ

За луѓето кои се во домашен карантин лекарите советуваат итно да се јават на лекар ако имаат проблем со дишењето, упорна болка или притисок во градите и модрикави усни или лице, ако се збунети и дезориентирани.

Лекарите велат дека е многу важно да ги следите своите симптоми и да реагирате на првиот лош знак, бидејќи би можело да следи ненадејна ескалација на симптомите за која не знаете.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!