Секојдневните навики диктираат колку ќе бидете успешни или неуспешни во животот. Навиките се причина и последица на богатството, сиромаштијата, среќата, тагата, стресот, добриот однос, лошиот однос или лошото здравје.
Само 5 навики ги разликуваат богатите од сиромашните луѓе. Милионерите баш никогаш не ги прават овие пет работи:
Никогаш не остануваат на истото ниво – Доколку сакате да бидете богати, не може да се задоволите со „статус кво“. Целете кон успехот!
Не фокусирајте се на парите – Тенка е границата меѓу амбицијата и лакомоста. Со фокусирање кон парите може да станете богати, но тоа не значи дека ќе се чувствувате добро поради вашето богатство или пак ќе бидете среќни.
Не веруваат во судбина – Поголем дел од богатите знаат дека потребно е да работат за да профитираат. Речиси 10 отсто од богатите велат дека не веруваат во судбина, додека пак 90 отсто од сиромашните веруваат во неа. Верувајте во себе и во своите способности доколку сакате да се збогатите.
Не гледаат премногу телевизија – Парите нема да дојдат на вашата врата доколку постојано гледате телевизија. Дури 67 отсто од богатите луѓе велат дека гледаат телевизија помалку од еден час дневно.
Не дозволуваат да ги обземе страв – Секој мотивациски говорник знае дека стравот е нивниот најголем непријател. Тој нè спречува да живееме среќен, но и богат живот.