8 молитви кои лекуваат се: Третата е особено силна и важна!

Божествената благодат што делува преку мене не работи само за мое добро, туку работи и за доброто на сите. Работите одат најдобро кога сум отворенa и скромнa; кога ќе предадам се што сум, сакам и имам, кога ќе дозволам Божествената благодат да тече низ мене.

Ако успеам да го направам тоа, работата ми оди без проблеми, телото ми заздравува, моите врски се продлабочуваат и точно знам што треба да правам и каде да одам во секое време. Божествената благодат што делува преку мене не работи само за мое добро, туку работи и за доброто на сите.

Ако можам да се отворам и да ја следам таа инспирација, сè што правам е усогласено со највисоката цел и ништо друго не дава толку добро чувство. Ова се молитвите што ги кажувам и ги применувам цело време за различни ситуации.

1. Те молам, искористи ме
Оваа молитва е одличен потсетник дека магијата секогаш сака да дејствува преку нас и да прави чуда со наша помош. Колку повеќе му се предаваме на ова водство, толку повеќе исцелување и магија ќе видиме во нашите животи! Деловните можности, слободните работи, убавите зборови и многу други работи ќе се појават од никаде, само ако си дозволиме да се водиме.

2. Ова, или нешто подобро
Понекогаш навистина сакаме нешто и сакаме да се реализира на одреден начин. Оваа молитва нè потсетува дека никогаш не можеме да бидеме свесни за сите можности што нè очекуваат. Понекогаш не сме свесни дека не би биле задоволни со она што го сакаме и дека наместо тоа ќе ни дојде нешто уште подобро. Тоа е неверојатно ослободувачко. Не мора да знаеме сè. Треба само да останеме отворени и да прифатиме дека можеме да имаме нешто подобро од она што го сакаме.

3. Ова нека биде за највисоко добро на сите
Не можеме да се чувствуваме добро кога добиваме нешто добро на сметка на некој друг. Вистинската магија вклучува сè. Поздрави и посреќни вие – поздрави и посреќни вашите пријатели, што значи поздрава заедница во целина, ефект на бранови на здравје и среќа во сите правци. Оваа молитва гарантира дека она што го создавате во вашиот живот им користи на сите и дека сте моќна сила на доброто. Можете да бидете сигурни дека вака станувате подарок за сите.

4. Целиот сум Твој
Сите мои таленти, сета моја стручност, сета моја мудрост, сите мои соништа, сите мои очекувања – се е твое.Кога во потполност се предаваме, ние дозволуваме во нашите животи да влезе повеќе магија и нашиот живот непрестајно тече. Понекогаш се плашиме од идеите за препуштање на нашите финансии или на нашиот брак, но ние навистина не сме се отвориле за благодат се додека не предадеме сè. Кога ќе понудиме се повеќе и повеќе од она што го имаме, повеќе магија ќе влезе во нашите животи.

5. Ти се предавам Тебе. Те молам помогни ми. Те молам трансформирај го ова
Понекогаш ништо не оди како што треба. Ова е всушност совршено затоа што можеме да се предадеме на Божествената благодат. Без разлика со какви проблеми се соочувате во животот и без разлика какви грешки сте направиле, сето тоа може да се трансформира и излечи.

6. Јас сум отворен. Те молам делувај преку мене
Оваа молитва не потсетува – колку повеќе се отвораме, толку повеќе благодат можеме да добиеме. Секој пат кога ќе бидете повредени, изговорете ја оваа молитва и веднаш ќе ја почувствувате нејзината магија. Секоја неволја или пречка е можност да се отворите и да бидете поскромни. Ако можеме да го прифатиме тоа, стануваме непобедливи.

7. Што е лек?
За се има лек. Клучот за негово наоѓање е да се одолее на потребата да се „разбере“ или „да се дојде до него преку размислување за тоа“, бидејќи тоа би било аналогно на создавање приказна за да се чувствувате подобро во таа ситуација. Ако навистина сакаме да знаеме како изгледа лекот, мора да бидеме отворени за одговорот, без разлика како ни доаѓа, без опсесивно да размислуваме за него премногу, туку едноставно да го прифатиме.

8. Благодарам
Оваа молитва е совршена за секоја ситуација, пријатна и непријатна. Кога велиме „благодарам“, тоа е како да велиме: „Го прифаќам овој предизвик, ќе се отворам уште повеќе, така да можеш да ме користиш за најголемото добро за сите нас“.

Кога ја кажувате таа молитва тоа значи дека прифаќате сè што ви се случува и го користите на најдобар можен начин.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!