96-годишниот милијардер ја откри тајната на долг и среќен живот – најмудрото нешто кое може да го направите за себе

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Чарли Мангер (96) е најпознат по тоа што е долгогодишна „десна рака“ на легендата Ворен Бафет чие што богатство се проценува на 1.7 милијарди долари.

Покрај својата улога покрај Бафет, Мангер е претседател на издавачот „Daily Journal“ и член на управата за малопродажба „Костко“. Едно од најчестите прашања со кои што Мангер се сретнува е „во што е тајната на долгиот и среќен живот, во негов случај и исклучително успешен“.

Неодамна милијардерот одговорил на тоа прашање и тоа со низа „едноставни совети“.

  • – Не бидете премногу завидни;
  • – Не бидете премногу незадоволни;
  • – Не трошете повеќе отколку што заработувате;
  • – Без оглед на своите проблеми, останете ведри;
  • – Соработувајте со доверливи луѓе;
  • А, вие правете го тоа што треба да го правите – тоа што е ваша работа.

Неговиот рецепт е логичен. „Мудро е да останете секогаш ведри“, вели Мангер, а за да го направите тоа важно е да се ослободите од негативните чувства.

„Дали може да бидете весели кога апсолутно сте потонале во длабока омраза и огорчување? Секако дека не можете. Па, зошто тоа да го прифатите?“, изјавил милијардерот.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!