Чистењето на бањата е доста непријатна работа, бидејќи не само што бара трпение и физичка сила, туку понекогаш сте принудени да користите силни хемиски средства кои се многу штетни по здравјето.
Оваа смеса не е штетна, а е исклучително корисна, бидејќи вашата ВЦ шолја ќе ја одржува чиста и миризлива цела недела. Подолу во текстот можете да прочитате и друг рецепт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 160 г сода бикарбона
- 16 капки етерично масло од лаванда
- ½ лажица оцет
- 1 лажица хидроген пероксид 3%
- 60 мл лимонов сок
ПОСТАПКА: Сите состојки измешајте ги полека во едно сад и оставете ја смесата да се смири околу 4 часови. Од смесата ставајте во ВЦ шолјата по потреба.
Еве уште една одлична идеја за освежување и дезинфекција на ВЦ школката и целата бања со помош на домашни, шумливи, миризливи бомбици. Природно, еколошки чисто, без хемикалии. Идејата одлично функционира, а се приготвуваат многу едноставно.
Всушност, користењето на таквите бомбици е вистинско задоволство. ВЦ школката е чиста а тоалетот е миризлив.