‘Рчењето е секојдневен проблем за многу луѓе. И за оној што ‘рчи и за оној што го дели истиот кревет со него. Оваа состојба сериозно влијае на квалитетот на сонот и на целокупното здравје.
Во потрага по решение за проблемот, многу луѓе прибегнуваат кон разни лекови, но ова, за жал, не секогаш функционира. Денеска ви претставуваме едноставен лек кој засекогаш ќе го спречи вашето ‘рчење.
Пред да продолжиме со лекот, ќе разговараме за причините зошто тоа се случува. ‘Рчењето најчесто се јавува како резултат на зголемување на количината на слуз.
Слузта се акумулира во респираторниот тракт и го спречува нормалното дишење. Покрај тоа, грчењето може да се појави поради неколку други фактори, како што се астма, алергии, инфекции на синусите или назална конгестија.
Исто така, некои лекови може да предизвикаат ‘рчење или тоа едноставно може да биде наследна состојба. Друга можна причина што се припишува на ‘рчењето е дебелината. Затоа, се препорачува да ги избегнувате следниве производи пред спиење:
- >пржена храна
- преработена храна
- Млечни производи
- тешки тестенини
- голема количина алкохол
- чоколадо
Лекот кој ќе го намали и спречи ‘рчењето е едноставен сок. Неговите состојки се сурови и природни. Покрај тоа, овој сок против ‘рчењето природно го зајакнува имунитетот и го снабдува телото со вредни хранливи материи.
Покрај тоа, третманот е едноставен и лесен. Ќе ја отстрани слузта што ги попречува дишните патишта и ќе промовира добар сон.
сок против ‘рчење
Рецепт за сок против ‘рчење
Состојки:
- 2 јаболка
- 2 моркови
- ¼ лимон
- 1 корен од ѓумбир
Забелешка: Секогаш користете органски состојки.
Инструкции:
Само измешајте ги сите состојки кои претходно сте ги изрендале и потоа процедете ја и добро исцедете ја течноста. Овој коктел против ‘рчењето треба да го пиете неколку часа пред спиење.