НAJНOВО: Можно е целосно затворање за време на претстојните празници

Членови на Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека можно е да имаме и целосен „локдаун“ за време на претстојните празници. Извори за порталот велат дека ќе се анализира состојбата, па според тоа ќе се одлучува дали ќе се промени работното време или ќе има денови во кои нема да се работи.

Вo понеделник не очекува малку подолг состанок. Мораме целосно да ја анализираме состојбата. Секако ќе разговараме за нови мерки кои ќе бидат пред се наменети за начинот на работењето на угостителските објекти.

Дали ќе се намалува работното време, дали ќе има одредени денови кога нема да работат, ќе видиме. Сепак, мора да бидеме подготвени за претстојните празници и да не дозволиме да имаме наеднаш нов бран на огромен број заразени, веднаш по прославите на Нова Година и на Божик, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.

Се посочува и дека дел од членовите на оваа Комисија се за целосено затварање на сите угостителски објекти од 31.декември до 8.јануари со цел да се спречи ширење на заразата.

Повеќе содржини: Венко Филипче за вакцините за сезонскиот грип

Од денеска го зголемуваме бројот на термини за вакцинација против сезонски грип. Вакцинацијата се одвива во 6 скопски поликлиники Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Мој термин утрово отвори 1800 термини за Скопје за период од една недела, почнувајќи од денеска, петок, понеденик, вторник и среда, а попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1080 термини за деновите – сабота, четврток и петок.

Дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!