На видеоснимката што Лин Витфилд ја сподели на социјалната мрежа ТикТок таа покажува тајна просторија која ја открила под нејзината куќа. Собата била преполна со стари книги.
„Само што ја најдов оваа скриена просторија под нашата куќа“ – напиша Лин на видеото, во кое објаснува дека е во просторијата во која успеала да влезе преку подрумот.
На видеото што го објави подоцна, жената рече дека семејството ангажирало проценители откако во собата пронашле неколку први изданија на ретки книги.
Повеќе од два милиони луѓе го гледале оригиналното видео споделено на „ТикТок“, додека илјадници ја молат жената за повеќе детали. Во коментарите, многу гледачи настојуваа семејството да носи ракавици додека ги држи древните книги.Но, многу луѓе беа изненадени од ова откритие.
Еден од корисниците на социјалните мрежи се пошегува: „Ако нeшто научив од „Evil Dead“, тоа е: ако најдете скриена просторија, не сакате таму да читате книги на глас“.
Многу колекционери на книги беа љубоморни. Едно лице одговори: “Рудник за злато. Постојат колекционери кои би платиле цело богатство за некои од овие книги”.
Друг се согласи и додаде: „Го видов Хемингвеј, толку сум љубоморен“, додека третиот советуваше: „Овие книги можат да бидат исклучително скапи и ретки, затоа ракувајте внимателно со нив“.