По повеќе од 50 години како медицинска сестра, Бети Гриер Галагер (78) имала право на пензија. Но, таа решила да остане и да работи за време на пандемијата за да помогне во критичната ситуација.
Галахер работела во ноќна смена во Медицинскиот центар во Алабама за да може да им предава на помладите медицински сестри.Таа се грижела за своите пациенти на ист начин како што се грижела за семејството и за колегите. Таа, според нејзините најблиски, била омилена медицинска сестра.
Кога започнала пандемијата на ковид-19 во март, колегите на Галагер биле загрижени за нејзиното здравје и ја замолиле да остане дома.Но, таа сметала дека им е потребна на пациентите и на соработниците, па продолжила да работи сè додека не се заразила со коронавирус во декември.
Таа починала од ковид-19 на 10 јануари, ден пред нејзиниот 79-ти роденден, во истата болница во која работела поголемиот дел од нејзината кариера, пишува Си-Ен-Ен. “Таа не го стори тоа за да се истакне. Го стори тоа затоа што ова беше нејзината професија”, рече нејзиниот син Карсон Гриер.