Бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов тврди дека македонската политичка елита генерирала голема омраза кон Бугарите. Во интервју за БНТ тој рече дека репресијата и притисокот врз Бугарите во Македонија се интензивирале, вклучително и од високи владини претставници.
„На пример, еден државен службеник повика Бугарите да бидат екстрадирани во Бугарија, друг повика, каде има Бугари во Република Северна Македонија да бидат тепани и плукани.
Тие исто така си дозволија крајно арогантна и цинична изјава кон бугарската министерка Захариева“, рече Каракачанов.
Бугарскиот министер вели дека не гледа причина зошто претседателот на САД, Џо Бајден или некој друг би требало да поддржува таква политика.
Каракачанов смета на ЕУ не и е потребен нов проблем, каков што е Македонија.
„Во ЕУ има доволно проблеми. Нов проблем на Балканот, ако не се реши на нормален начин, не му е потребен никому, додаде Каракачанов.
Тој вчера најави и дека во следните месеци кога во Софија повторно ќе се отвори прашањето за влез на Македонија и Албанија во Унијата, ќе предложел двете земји да бидат одвоени, за Албанија да не биде закочена.