Скопјанец кој лежел во болница поради ковид-19: Мртвите ги пакуваа во црни вреќи пред мои очи

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

52-годишниот Зоран Нацевски од Скопје со солзи во очите пред камерата на ТВ Алфа зборуваше за голготата низ која поминал лекувајќи се во болница откако се заразил со вирусот Ковид 19.

Тој вели дека го живее вториот живот иако 26-дневната битка во ковид-центар со кислородна поддршка оставила трајни последици врз неговото здравје. „Најтешко, најболно и најморбидно за мене беше тоа што целиот процес на пакување на починатите во црни вреќи го правеа пред мои очи. Какво здравство сме ние? Немаме обичен параван?

Медицинскиот персонал не е виновен, луѓето прават сè, но нивните ресурси се ограничени. Дојде медицинска сестра да ми мери температура и ми рече дека имам 36.7 степени. Тогаш ја замолив да ме допре со дланката за челото и веднаш сфати дека горам од температура.

Тие немаат основни средства за работа. Тие ковид-центри беа мртовечници, јас за неполни три дена видов четири црни вреќи – раскажува Нацевски.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!