Старец кој останал заробен во станот за време на пожар во една зграда во Париз успеал да се спаси благодарение на брзата реакција на тројца млади лица.
Додека старецот стоел на терасата, а зад него се гледал густ чад, тројцата млади со неверојатна брзина се качиле по ѕидот на зградата. Го извлекле старецот и го префрлиле на соседната тераса која не била зафатена од пожарот.
Снимката за кратко време стана вирална, а за само неколку часа ова видео е погледнато скоро 550.000 пати, а имаповеќе од 9.000 лајкови и таа бројка од минута во минута расте.
Погледнете како изгледало спасувањето.