Кучето Брутус и детето Фин, кое уште нема ни 2 години, се најдобри пријатели, а детето без него не може да издржи дури ни додека спие.
Па затоа, секоја ноќ кога се буди, станува од својот кревет и легнува покрај својот пријател. Сето тоа било снимено со камерата која родителите ја поставиле во собата кога едно утро го пронашле детето во креветот на кучето.
Без разлика дали во креветот на Фин или во креветот на Брутус, тие двајца секогаш спијат заедно. Брус порано спиел на под, до неговата колевка. Откако Фин ‘преминал’ на кревет, кучето секоја вечер влегува во неговата соба, вели мајката Пејџ од Вирџинија.




