Двојка од САД која отиде на пат доживеа големо изненадување уште на аеродромот. Имено, кога им бил измерен багажот, сфатиле дека еден куфер е три килограми потежок отколку што треба.
Бидејќи не сакаа дополнително да платат, решија да го отворат за да видат што е толку тешко внатре и да исфрлат неколку работи. Сепак, тоа што го нашле внатре дефинитивно не било за „фрлање“.
Тие три вишок килограми се точната тежина на нивната чивава Ики. Двојката не се обидела да ја прошверцуваат – Ики самата влегла во куферот и се скрила внатре.
Ако навреме не беше забележана поголемата тежина на багажот, чивавата ќе полеташе со сопствениците.
Извор: Plusinfo.mk




