Арон и Рајчел Халберт, кои се инаку белци и евангелисти, раскажале неверојатна приказна за тоа како и зашто одлучиле да посвојат пет црни деца, од кои три како ембриони.
Тие се договориле ова да го направат затоа што, како што велат, тоа било логичен тек на нивниот живот. Се сложиле да не посвојуваат бели деца, имајќи во предвид дека повеќето родитиле воглавно посвојуваат бели деца. Имале проблем со природното зачнување па на крајот отишле во агенција за посвојување во Мисисипи.
Посвоиле две афроамерички деца и нивните животи се промениле на „магичен начин“, како што тврдат они. Меѓутоа, многу луѓе кога ќе ги видат мислат дека сопругата го изневерила со црнец, но тоа на него не му смета.
-Многу луѓе кога ќе не видат на улица помислуваат дека сопругата ме изневерилча со црнец. Мене тоа не ме погодува, вели тој. Убавината на мултиетнилките семејства е во тоа што разликите се всушност тие што го прават нашиот живот побогат и исполнет, вели овој пар.
Потоа слушнале и за Националиот центар за донации на ембриони, кој всушност е „банка“ во која се чува вишокот од замрзнати ембриони настанати во текот на процесот на ин витро оплодување на некој пар.
За да нивните две деца се „вклопат“ со новата тројка која ја добиле преку ин витро, одлучиле ембрионите исто така да бидат со афроамриканско потекло.