Токму кога ќе помислиме дека конците не можат уште повеќе да бидат измрсени едно пребарување на Википедија може да открие нови и неочекувани работи.
Скоро сите се добро запознаени со скандалозното интервју на Зоран Заев и новинарот од Бугарија, Љубчо Нешков, кој има интересно минато и историја.
Љубчо Темелков Нешков е бугарски новинар, сопственик на новинската агенција БГНЕС. Љубчо Нешков е роден на 29 јули 1964 година во Скопје во семејството на Темелко Нешков од Бело Поле, Прилепско.
За време на Титова Југославија, неговиот татко бил уапсен и минал 12 години во затвори и концентрациони логори за одбрана на бугарството и за членство во нелегална антимакедонска организација.
Во 1977 година Темелко Нешков и неговата ќерка Славица емигрирале во Белгија, а една година подоцна таму пристигнале сопругата и синот Љубчо.
Во 1985 година семејството засекогаш се населило во Бугарија. Љубчо Нешков дипломирал историја и новинарство на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Работел како новинар во весникот „Стандард“, а подоцна и во Бугарската национална телевизија.
Нешков стана познат по известувањето за кризата во Косово во 1998-1999 година. Во 2001 година, Љубчо и неговата сестра Славица ја основале новинската агенција БГНЕС.
Извор: Motika.mk