Син ми се срами од мене, па се одлучив да ја вратам услугата и да го осети тоа на своја кожа, но сестра ми збесна дека не сум требала

Воспитувањето тинејџер може да биде предизвик што ги излудува некои родители. Еден ден имаш малечко во раце, а другиот ден ќе се најдеш со младо момче кое повеќе не сака да се гледа околу тебе.

Токму тоа му се случи на овој родител. Таа беше уморна од гледањето на нејзиниот син како се срами од неа и реши да се обрати на социјалните мрежи за совет како да се справи со овој проблем.

- Advertisement -

„Мојот 14 годишен син почна да се срами од мене и татко му пред отприлика 2 години. Мислевме дека е само фаза, но стана се полошо и полошо. Ние сме нормални луѓе и родители, но ќе помислите дека сме некои чудаци поради начинот на кој нѐ третира тој.

Тој ни кажува работи како „Не доаѓајте да ме гледате на натпреварот“, „Не ме оставај пред врата за сите да видат“ и „Ќе одам пред вас во трговскиот за луѓето да не мислат дека сме дојдени заедно“. Ова се само примери. Тој е супер и добар кога ќе му купиме нешто што сака, но деновиве се однесува како ние да сме ѓубре.

Пред неколку дена, возев 40 минути за да го соберам од училишен настан и ме натера да го чекам една улица подолу. Кога ме виде, имаше наоколу и деца, одеднаш се вцрвени и застана. Чекаше децата да поминат и тогаш влезе во автомобилот, се спушти долу на седиштето и рече „Вози“. Му кажав како сето ова ни прави да е чувствуваме, но не му е гајле. Но ни дојде преку глава.

- Advertisement -

Таа вечер требаше да му купиме нова маица за еден училишен настан и додека возев накај продавницата му реков „Спушти се на седиштето, да не те видат“ и му ја турнав главата надолу. Потоа му кажав дека мислев дека личноста со која се разминував беше пријател од факултет и не сакав да ме види со него.

Кога ме праша зошто, му реков затоа што се срамам од него. Кога стигнавме, јас побрзав за да одам пред него. Син ми се затрча да ме стигне, а јас му реков да биде неколку чекори позади мене во случај ако се сретнам со некого што го знам. Сфати што правам. Потоа го прашав какво е чувството да бидеш третиран така и тој рече „Не е добро“.

Следното утро отидовме до автобуската станица за да му купам месечна карта затоа што му кажав дека не сакам повеќе да бидам видена во автомобилот со него и од сега ќе треба да оди со автобус.

- Advertisement -

Му кажав колку се нервирам и дека воопшто треба да одам со него за да извадиме месечна карта и дека бев загрижена како ќе ме прецепира тој на шалтер (кој не го ни познавав) кога ќе ме види со него. Потоа му реков да стои понастрана и да не зборува. Мислам дека ја сфаќа поентата, но не сум сигурна дали доволно.

Ѝ кажав на сестра ми за ова и таа збесна. Таа мисли дека треба да го разберам во оваа фаза и дека ќе му помине. Но јас мислам дека доволно трпев, поминаа 2 години и оваа фаза се претвори во навика. Што мислите вие?“

Извор: Motika.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!