ВИДЕО: Апокалиптични сцени- германско градче исчезна под вода

Апокалиптични сцени од Германија го шокираа светот. Најмалку 42 лица загинаа, најмалку 70 се водат за исчезнати, а илјадници беа евакуирани од своите домови. Околу 200.000 луѓе во Германија останаа без електрична енергија, пишува Би-Би-Си. Поплавите се случија кога бесните реки ги скршија своите корита по обилните врнежи од дожд во последните два дена.

Двајца пожарникари и двајца полицајци се удавија за време на поплавите, а властите ја мобилизираа армијата. Околу 500 војници се распоредени за да им помогнат на жителите на двете најтешко погодени провинции, соопшти во четвртокот германското Министерство за одбрана, објави Би-Би-Си.

– Во моментот, противпожарната единица и армијата ги чистат нашите патишта и подруми, но енергетските трансформатори се сериозно оштетени, така што нема да имаме електрична енергија до 14 дена … – вели еден од локалните жители.

– Околината на местото беше уште повеќе уништена, како и околните фабрики беа тотално уништени и беше прогласена природна катастрофа во градот и целото градско подрачје – додаде тој. Властите во Рајнска област-Пфалц, една од двете германски покраини погодени од поплавите, ја објавија оваа фотографија направена вчера, покажувајќи ја големината на поплавата во селото Алтенбург.

Белгискиот град Лиеж ги повика жителите да го напуштат градот. Во Лиеж, кој лежи на реката Меус, се очекува натамошен пораст на водостојот до метар и половина. Затоа, градските власти ги повикаа сите што се таму заради деловна активност или од други причини да го напуштат градот, а жителите да се качат на повисоките катови.

Според белгиските медиуми, толку висок водостој на реката Меуз не е забележан од 1926 година. Ситуацијата е критична низ цела Валонија, особено во градовите што лежат на реката Меуз и нејзините притоки. Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, еден од најпогодените делови на Германија, рече дека многу луѓе се уште се во опасност. Училиштата се затворени, а патиштата на западот на земјата блокирани.

Вонредна состојба е прогласена во областа Шулд беј Аденау, во планинскиот регион Ајфел на границата со Белгија и Луксембург, пренесуваат германските медиуми. Бројни делови на Западна Германија сè уште се отсечени од остатокот од светот по силното невреме и обилните врнежи од дожд во средата вечерта.

Мала Дрејер, премиер на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, поплавата ја опиша како катастрофа. „Има мртви, исчезнати, а многу луѓе сè уште се во опасност. Сите наши служби за итни случаи работат дење и ноќе и го ризикуваат сопствениот живот. Сочувство до жртвите на овој хорор – рече таа.

Последни објави

Работела во Германија 40 години и градела вили за своите синови, а тие по смртта на нејзиниот сопруг ја исфрлиле на улица

Децата растеа во изобилство, затоа што семејството Цветковиќ солудно заработуваа. Брачни пар Цветковиќ од Лескоец цели 40 години работеше...

Посвоиле куче без да го видат – Кога ја отворија вратата од камионот, се случи нешто НЕВЕРОЈАТНО!

Трејси Вајат ја основала својата организација за помагање на животни во 2011 година, пренесува порталот „Likemag“. Се започна со тоа...

ИСПЛИВА ПОТРЕСНА СНИМКА ОД ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ НА ТОШЕ! Пејачот се видел со оваа жена која му порачала: Те сакам, чувај се, пота повеќе го...

Музичката сцена во регионот години после загинувањето на Тоше Проески неможе да се помири со неговото прерано заминување, сега...

Газдата ми плаче: „Не можам да си најдам добри работници“ – Фала богу им текна да не ти работат за 250 евра

Веќе шест месеци барам работнички за во сендвичара.Со овој бизнис се занимавам скоро 10 години и никогаш не било...
- Advertisement -

Плаќаат по илјадници евра за млади Албанки а кога ќе ги видат остануваат во шок!

Неколку мажи од Црна Гора биле измамени, откога платиле за млади невести од Албанија но никогаш не ги добиле. Еден...

САМО МАЛКУ ЛУЃЕ ЈА ИМААТ ОВАА ЛИНИЈА НА ДЛАНКАТА: Нема да верувате што значи

Тие живеат според кодекс кој никој не би можел да живее и се интелигентни луѓе, никој не успева да...

Актуелно

- Advertisement -

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИRELATED
Препорачано за вас!

error: Содржината е заклучена!