Кога ви се брза – рецепт како да закиселите зелка за 12 часа

Киселата зелка е главна на трпезата посебно кога настапуваат студените денови. Домаќинките веќе ја знаат постапката за нејзино закиселување, но за нештата да бидат уште поедноставни постои начин со што тоа ќе го направите само 12 часа. Ова е се што ви е потребно – 1 поголема главица зелка, 3,5 дл. вински оцет, 3 дл. вода, 4 лажички сол, 1 парче леб.

Подготовка: Исечете го коренот на зелката, а главицата ставете ја во длабок сад. Истурете 2 лажици сол во шуплината каде што бил коренот и ставете две лажици сол. Прелијте со жешка вода во која ќе го додадете остатокот од солта. Додадете го оцетот, покријте со чинија и оставете да отстои 8 часа.

Извадете ја зелката, од неа извадете ги трагите од изронетиот леб и префрлете ја во длабок сад. Исцедете ја течноста, а потоа истурете ја зелката и гответе 10 минути на средна температура, додека течноста не зоврие.

Тргнете од оган и оставете да се излади. Извадете ја од тенџерето. Листовите лесно ќе се одвојат и зелката е спремна за сарма. Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количини на витамини B,C,E,K и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум.

Добар е за настинка и за зајакнување на цревната флора, за артериосклероза и за висок крвен притисок, за лекување на астма, реума, чир на желудник, а преку тие придобивки се чисти кожата и се зајакнува имунитетот, но исто така велат дека помага и при разни видови на карцином.

Киселата зелка всушност е една од ретките намирници, кои имаат витамин В12. Можете да ставате зелена или црвена зелка во расол, но црвената е многу побогата со фитонутриенти и витамин С, содржи антиоксиданс кој ги штити сивите мозочни клетки, па со тоа е и поздрава за јадење.

Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, ако меѓу зелката додадете и други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон. Зачините може да ги изберете според ваш вкус – зрна пипер, ким, лаворов лист… Важно е листовите зелка да бидат неоштетени, тврди и со што помалку црни делови.

Расолот од зелка може да го пиете или да го користете за разни супи или варива. Киселата зелка може да служи и како додаток на разни месни јадења или наједноставно да е послужена како салата.

Ако пак сакате да пробате нешто различно, динстајте зелка со компир или направете печена штрудла од кисела зелка, во комбинација со домашна сланина, ореви, ким и суво грозје. Таквата штрудла исечете ја на парчиња и послужете ја како предјадење.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!