Доктор објави снимки од белите дробови на двајца кои прележале Ковид-19, од кој едниот не бил вакциниран

Ширум светот, делта сојот доведе до зголемен број на случаи на Ковид-19. Иста ситуација се забележува и во болницата во Сан Диего, каде доктор Алберт Хсијао, инаку радиолог, споредувал снимки на вакцинирани и невакцинирани лица.

На прашање на американската телевизија Еј-би-си, има ли разлика во клиничката слика кај вакцинираните и невакцинираните, наместо класичниот одговор, им испратил две фотографии. На левата е снимка на белите дробови на вакциниран човек, додека на десната е невакциниран.

„Како што гледате, разликата меѓу двете слики е драстична. На првата слика гледате црнило, тоа е воздух во белите дробови, полни со воздух и тоа е добро. На втората слика гледате белина, тоа е магла.

Тоа се бели дробови на човек кој не бил вакциниран и на нив е видливо како ги оштетила инфекцијата“, вели докторот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!