Д-р Даниловски: Вирусот сега ќе си бира помеѓу младите и невакцинираните

Останаа младите и други невакцинирани, како и вакцинираните со една доза. Вакцинираните се претежно меѓу повозрасните. Вирусот, затоа, ќе си бара простор за непречено ширење меѓу младите, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски во изјава за порталот МКД.

– Би било препорачливо сега приоритетно да се довакцинираат возрасните над 50 години и најприоритетно оние со хронични болести. Така ќе се намали уште повеќе притисокот врз болниците.

За да се намали смртноста, најприоритетно е Лекарската комора да подготви протоколи за третман на болни од ковид-19, на сите нивоа на здравствена заштита. Министерството за здравство да се погрижи тие протоколи да се применуваат од страна на сите здравствени установи – на сите нивоа.

Се разбира, ако почне да се заканува преполнување на болниците, ќе бидат потребни и одредени рестриктивни мерки во врска со ограничување на бројот во угостителски објекти, автобуси, спортски натпревари…“, вели д-р Даниловски.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!