Заев ги кажа новите мерки: Полициски час од 20 часот – се затвораат угостителските објекти

На денешната седница на БВладата донесовме одлука за дополнителни мерки. Најновите тенденции кои што ни се презентирани од здравствените власти јасно покажуваат дека британскиот сој зема се поголем замав.

Со оваа ситуација се соочуваат земјите од Европа и светот. Овој вид заразува полесно и побрзо и резултира со тешки последици, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција.
Од овие причини, а во пресрет на затоплувањето и на големите празници, соагласно потребата да ги одмориме здравствените работници донесовме одлука дека се неопходни нови рестриктивни мерки.
Мораме сите заедно да влеземе во справувањето со текот што го зазема пандемијата, само заеднои можеме да успееме.

Бројот на новозаразени како последица од ковид расте. Баројот на починати расте. Досега здр раб се справуваа со сите прердизвици, но сега постои сериозно оптоварување кои деноночно и со сите сили се во битката за спасдување човечки животи. Ова е најголемото оптоварување на здравствцениот систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога е потребно да пресретнеме нови сериозни влошувања на зравјето. Од овие причини Владата донесе ноиви рестриктивни мерки.

1. Забрана и посебен режим на граѓаните во временски период од 20 часот до 05 часот наредниот ден почнувајќи од 06. април до 21 април 2021 година.

2. На граѓаните кои извршиле вакцинација во центрите за вакцина за временскиот период пред започнувањето на забраната им се дозволуива враќање до своите живеалишта врз основа на потврда за ивршена вакцинација

3. Целосна забрана за посетители гости во сите угостителски објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги.

4. Целосна забрана за посетители гости во сите обложувалници, примерот на посетителите да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга.

5.Целосна забрана за посетители гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски сали наменети за вежбање.

6. Се забранува организирање, одржување и учерство на секаков вид семинари, обуки, курсеви и други настани од ваков вид.

На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозвола.

7. За време на забраната за движење сите граѓани кои жиовеат во станбени објекти и имаат домашни миленичиња да може да ги изнесуваат во 22 часот до 23 часот најмногу до 100 метри од објектот до кој живеат.

Останува на сила строгата забрана за групирање за повечќе од 4 граѓшани.

Почитувањето на новите мерки е неопходност. Ќе има зајакнати инспекциски контроли и полициски активност со цел да се спречат масовни групирања. Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните. Досега недоволно се почитува мерките. Посебна олабавеност се гледа во последните седници. Новиот вирусен бран не се споредува со минатите брани. Овој вирус е многу поопасен и многу побрзо прогресира“, кажа Заев.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!