Луѓето кои веруваат во Бог не страдаат од депресија

Податоците собрани од 7.700 испитаници во постара возраст, сугерираат дека религиозните луѓе имаат помал ризик за паѓање во депресија.

Американските научници од Универзитетот на Масачусетс утврдиле дека учествувањето во религиозни обреди ги намалува симптомите на депресија, кај оние што претходно имале такви симптоми.

Истражувачите пишуваат дека испитаниците вклучени во активности поврзани со религија, имале повеќе општествени контакти, па затоа имаат помал ризик за изолација и осаменост – важни фактори поврзани со депресија.

Како и секоја друга страст, така и тагата си има природно потекло. Несреќата, тагата, плачот – тоа се обични емоционални реакции на некои тешки околности во животот. На пример, кога умира близок човек, ретко кој останува рамнодушен на таа случка.

Ние не можеме да останеме рамнодушни при тешките удари. Нашите емоции ни помагаат најпрвин да го преживееме стресот, а потоа да ги мобилизираме своите сили во борба со тешкотиите, тие нас нè поттикнуваат кон некакви активности. Но, лошо е кога емоциите ќе нè совладаат. Кога сме во долготрајна состојба на тага, тогаш сме во во близина на депресијата.

За време на депресијата, човекот е неспособен адекватно да ги оцени животните околно-сти, луѓето и самиот себе. Какви сѐ мисли му се вртат во главата на човекот кој страда од тагувањето:

„Сѐ е лошо, во мојот живот нема ништо добро, никој не ме сака, не ме разбираат, целиот мој живот е бесмислен“. И секако, самосудувањето: „Јас сум најнесреќниот човек, губитник, глуп и безвреден, на луѓето им носам само страдање“.

Во целиот тој монолог, она што највеќе збунува и загрижува се категоричните осудувања: сѐ, ништо, никој, нај… Било која здрава и нормална личност, која не се наоѓа во состојба на продолжена депресија, јасно е дека не може сѐ да ѝ биде лошо. Тоа е апсурд и бесмислица.

Секој човек има можност за живот и среќа. Едноставно, човекот во депресија тоа упорно не сака да го прифати. Сигурно постои здравје (во мала или голема мера), навики, занимација, хоби, постојат блиски луѓе, роднини и пријатели, значи постои можност да сакаш и да бидеш сакан. Тоа секој го разбира.

Тоа е јасно како два и два. Но, во човекот кој страда од тага не говори неговиот разум, туку некој друг.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!