МАКЕДОНИЈА: ДРЖАВАТА ЌЕ ДАВА ПО 19.000 ДЕНАРИ ЗА ПЛАТИ НА ОВИЕ ГРАЃАНИ

Агенцијата за вработување вчера ги објави огласите од Оперативниот план за 2021, а меѓу нив најатрактивен за работодавачите е оној за субвенционирање на плати, за кој има убедливо најголем инетерес.

А сето тоа дополнително во етнички контекст откако министри од ДУИ го промовираа како можност за поголема застапеност во приватниот сектор, пишува Банкометар.мк.

- Advertisement -

Според објавениот оглас, работодавачите можат да добијат 19.000 денари месечно доколку вработат лице кое останало без работа поради корона-кризата, повратници од странство поради затворањето откако се појави К0вид-19, невработени со три и повеќе деца, осудени кои излегле од затвор, лица со попреченост, припадници на ромската заедница, самохрани родители и други категории.

Секој работодавач ќе добие 19.000,00 денари по вработен за период од 3, 6 или 12 месеци, но по завршувањето на субвенцираниот период, ќе мора да го задржи работникот најмалку уште двојно подолго време од изминатото.

– Станува збор за еден од огласите за кои има средства за 866 невработени кои имаат потешкотии да се вратат на пазарот на трудот, но оваа бројка може да се зголеми со понатамошна пренамена на средства, велат од Агенцијата за вработување.

- Advertisement -

Во огласот не постојат пропишани критериуми со меѓуетничка димензија, како што најавуваа министрите за надворешни работи и за политички систем – Бујар османи и Артан Груби, но министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера рече дека се работи само за принцип.

– Доколку се јават 5 кандидати, тогаш при изборот на кандидатите треба да биде отсликата етничката структура. Тоа е втор принцип на инклузивност и диверзитет.

Кај компаниите при аплицирањето, основен критериум ќе биде нивната ранливост, но и застапеноста треба да биде онаква каква што е во општеството.

- Advertisement -

Кај сите мерки да биде отсликата разноликоста, рече Шахпаска при претставувањето на Оперативниот план, кој треба да опфати околу 10.000 нови потенцијални вработувања.

Работодавачите можат да бидат микро, мали и средни фирми, но да не го намалиле бројот на работници минатата година по своја иницијатива, како и да не работеле со загуба.

Извор: Pogled.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!