Неопходни во овие ладни денови: Костените се природен извор на здравје и енергија

Питомите костени претставуваат природни извори на енергија и здравје, така што неопходни ни се во текот на овие ладни денови, но и дивиот костен, иако не е за јадење, е навистина лековит плод.

Постојат два вида на костени – питоми костени (Castanea sativa) и диви костени (Aesculus hippocastanum). Питомите костени смеат да се конзумираат, додека дивите се користат само во медицински цели.

- Advertisement -

Питомите костени ја прочистуваат крвта и го зајакнуваат имунитетот, тешко се варат, но затоа даваат многу енергија, бидејќи содржат многу јаглехидрати, белковини, шеќери, масти и целулоза.

Старите народи ги користеле за зајакнување на организмот, додека во средниот век плодовите на костенот се употребувале како важна намирница во исхраната на сиромашните слоеви од општеството.

Познато е дека римскиот цар Цезар наредил да се запалат шумите со костени на подрачјата кои ги освојувал, само за да им го уништи изворот на храна на домашното население.

- Advertisement -

Костените се хранлива намирница, содржат вредни минерали и витамини како што се магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо и речиси сите групи од витаминот Б.

Плодовите се користат во исхраната на разни начини – варени, печени, како пира, сушени за брашно, во многу слатки и солени јадења, како и мед од костени.

Листовите на костенот исто така се користат како чај. Содржат дури 95% танин, разни есенцијални смоли и витамин К, кој е прилично важен при запирање на крварењето, бидејќи ги стеснува крвните садови.

- Advertisement -

Сo мајчина душичка во комбинација лечи проблеми на системотза дишење, го прочистува организмот, помага при болки во грбот, кај дијареа и така натаму.

Медот од костени е исто така хранлив и лековит. Лечи гастритис и проблеми со варењето, го заштитува црниот дроб, допринесува до подобра циркулација и слично.

Што се однесува до дивиот костен, неговите плодови не се препорачливи за конзумирање, но се користат во народната медицина како и сите делови од дрвото кои се лековити, со што најчесто се користат во лечењето на проблемите со вените и реумата.

Дивиот костен во себе содржи есцин (сапонин), кој е заслужен за зајакнувањето на ѕидовите на капиларите и вените, со што делува диуретично и антивоспално, ги намалува проблемите со лимфата и помага кај кожните заболувања.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!