Од среда полициски час од 23.00, угостителите ќе работат до 22.30

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство .

Тој предлага на Владата на наредната седница да усвои одлука забраната и посебниот режим на движење да трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – да биде до 22:30 часот, соопшти владината Прес-служба.

– Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година (среда), се додава во соопштението.

Од утре почнува и масовната вакцинација против ковид-19 со кинеската вакцина во Скопје и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, а според распоредот на веќе пријавени граѓани ќе биде и распределена и бројката на вакцини.

Министерот за здравство Венко Филипче најави и дека до крајот на мај ќе има пунктови за масовно вакцинирање и во Велес и во Прилеп. Досега, вкупно се вакцинирани 61,603, а пријавени се 218,577 граѓани.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!