Откриено што подготвува ЕУ: Ковид-пасошите ќе вклучуваат три категории

Откриено што подготвува Европската унија со ковид-пасошите. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по разговорите во Брисел рече дека сертификатот, кој е на дневен ред на Европската комисија, ќе вклучува три категории, пишува Макфакс.

„ Трите категории во сертификатот се: оние кои биле вакцинирани, оние кои имаат негативен тест и оние кои го надминале вирусот Ковид-19“, објасни Пленковиќ во интервју за „Политико“.

Според сертификатот што Европската комисија ќе го претстави на следниот самит овој месец, тоа треба да го олесни патувањето и да ги укине мерките и ограничувањата утврдени од одредени земји.

„ Важно е да одиме напред. Целокупната идеја за консултации на европско ниво е да имаме некаков вид рамка што ќе ја земе предвид еднаквоста на нашите граѓани и можноста за движење“, рече Пленковиќ.

Европската унија е се поблизу до одлуката за воведување на сертификат за вакцинација, како услов за движење во рамките на земјите-членки.

Целиот текст на овој ЛИНК

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!