Пејачот Благоја Грујовски за битката со коронавирусот: Мајка ми на 82. години помина лесно, а јас се борев за живот

Пред десет дена заврши моето болничко лекување од корона вирус и се вратив дома.

За искуството, што да ви кажам, мора да се разбие таа фама дека има правила, дека младите и здрави луѓе лесно го пребродуваат, а на удар се само старите и болните.

- Advertisement -

Од сопствено искуство и од она што го видов на клиника, стереотипот не важи за вирусот – раскажа за „Фокус“ фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој ја добил битката над коронавирусот.

Иако ја победил болеста, вели дека ќе биде потребен одреден периот за да се среди и да се врати на стариот живот, да го зајакне имунитетот и да продолжи таму, каде болеста го прекинала.

-Многу лекарства примив, бев хоспитализиран првин на одделение во „8-миСептември“, а потоа и на клиниката Аџибадем Систина, бидејќи мојата состојба беше крајно сериозна.

- Advertisement -

Целиот живот сум бил здрав како дрен, не верував дека вирусот може така да ме покоси…

Од друга страна пак, мојата мајка која има 82 години, која е со хронично срцево заболување, помина со лесно.

Поради годините, би рекол, таа едвај стоеше на нозе, јас одев да ја негувам пред да се инфицираме.

- Advertisement -

Но, за среќа, нејзините симптоми беа лесни. Не знам дали е тоа бидејќи таа целиот живот беше здрава, дури и сега на овие години има добра крвна слика, кој би можел да каже?

Поентата ми е дека мора да се разбие фамата, дека ако си млад, лесно ќе заздравиш. Нема тука правила – изјави Грујовски.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!