Привлечете ја среќата на старите словени: Запишете ги своите желби, раката наместете ја ВАКА и изговорете ја оваа реченица! – Се ќе ви се исполни!

Старите Словени верувале дека зимската краткодневница претставува ден во кој се судираат две спротивставени сили и во кој Белобог, богот на светлината, ја носи победата.

Од одамна зимската краткодневница е симбол на почетокот на следната фаза во чивечкиот живот. Според верувањата зимската краткодневница која паѓа измеѓу 21 и 22 декември е денот кога сонцето повторно се раѓа.

Овој ден е идеален за разни обреди и ритуали, затоа што тој го одбележува раѓањето на новиот живот. Според древната легенда, сите желби и мисли во ноќната зимска солстиција ќе биде исполнета.

Исто така, добри резултати можат да се остварат со исцелителни ритуали, обреди за стекнување на мудрост, сила и привлекување на просперитет. Секое пророштво за време на зимската состиција дава најточни резултати.

Медитацијата, саморазвојот, стекнување на духовно процветување и многу други постапки кои се спроведуваат на овој ден имаат благотворно влијание на човековиот живот.

Зимската краткодневница е време за промени, која е во состојба да донесе подобрување на секоја личност.

Она што се случува на 21 декември е еден од најстарите манифетации на човештвото. Во астрологијата Сонцето ја претставува виталноста на мажите, нивната специфична духовна компонента.

Систицијата претставува обнова на енергијата, па денот на зимската краткодневница треба да се користи за планирање на нови идеи кои треба да ги реализирате во идната година. На овој ден се украсува новогодишната елка со жолти, златни, црвени и портокалови елементи, затоа што овие бои носат богатство и просперитет во куќата.

За време на овој ден на лист хартија напишете ги сите исполнети желби, цели, негативни искуства и неуспеси. Листот се пали симболично со цел да се ослободите од сите стравови и бескорисни искуства.

Енергијата на зимската краткодневница дефинитивно ќе ви помогне да го исполните својот план. Своите желби за наредната година треба да ги ставите напишани на лист под новогодишното дрвце и тој ден да испратите духовна молба за истите да ви се исполнат.

За овој посебен ритуал на денот на зимската краткодневница не ви се потребни било какви предмети, билки, свеќи или ароматични масла. Доволно е чисто срце и решеност да направите нешто убаво за себе. Идеално би било се да се изведе надвор, но ако тоа не е возможно, може да се практикува и во домот, или уште подобро на тераса.

Кога ќе падне ноќ, излезете надвор, воспоставете ритам на дишење кој ви одговара, со земање и испуштање на воздух.

Погледнете во небото, потрудете се да ги почувствувате ѕвездите, нивното пулсирањ… испружете ја раката кон небото и изговорете: „Ноќ, те поздравувам“.

Сега замижете, „нурнете“ во себе и пробајте да ги извлечете сите стравови и грижи, и да им дадете некаков облик. Не избегнувајте ги, туку соочете се со нив, слободно нека навираат, нека излегуваат од нас… Не ги задржувајте, туку замислете како заминуваат, како се дрижат кон ѕвездите и исчезнуваат.

Во тој момент ќе ве обземе чувство на опуштеност, среќа, а вашето тело ќе биде преплавено со прекрасна, топла енергија. Замолете го небото и ѕвездите да ги прифатат вашите стравови, а вас да ве ослободат од нив, потоа заблагодарете им се.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!