18-годишната Рената и 8-годишниот Елдин од населбата Михатовичи во близина на Тузла се деца кои живеат без ништо.
Мајка им ги продала работите од нивната семејна куќа и заминала со својот партнер во Германија. Од тогаш, децата живеат од помош на соседите. Хигиена и оброк имаат само доколку некој ги повика на гости.
Децата биле присилени да се населат во кампот за бегалци, па така останале сами без никакви примања, струја, храна…а во моментов спијат на еден обичен душек. Сето тоа ги присилиле инаку одличните ученици да го напуштат училиштето, бидејќи за тоа немаат услови.
Татко им е болен и не живее со нив, така што овие деца се препуштени сами на себе. Од Центарот за социјална работа не даваат никакви информации.