Пар од САД открил скриен базен под подот на нивниот дом.
Марк Ронсман и неговата жена Џени го купиле нивниот дом пред скоро три ипол години и им било кажано дека некогаш постоел базен во една од собите.
Парот претходно немал време да се занимава со базенот и да го стави во функција, но поради моменталната состојба со коронавирусот и слободното време кое можат да го трошат само во својот дом, тие одлучиле да го стават базенот повторно во функција.
Марк сподели и неколку пред и потоа фотографи од собата каде што се наоѓа базенот и напиша:
„Кога ја купивме куќата. Знаевме дека има базен во таа соба. Но старата жена од која ја купивме куќата ни кажа дека тие остареле и претанале да го користат базенот, па ја пренамениле таа соба во канцеларија“.
„Таа ни покажа стара фотографија од базенот наполнет со вода и полн со луѓе, но тоа не ни даде убава слика за тоа како самиот базен изгледа.“
Базенот полека се подготвува за употреба а Марк кој има проблеми со грбот се надева дека кога се ќе се заврши тој конечно ќе може да се релаксира во него.