Штедел 30 години, па оставил наследство на семејството – кога виделе за што се работи се фатиле за глава

Сите понекогаш одвојуваме метални пари како заштеда. Еден Германец кованите пари ги собирал цели 30 години.

Кога во мај оваа година починал, неговото семејство наследило повеќе од милион кованици, со вкупна тежина од два ипол тони. Толкава количина метал им задала повеќе грижи, отколку радост.

Во време кога почнал со собирање на парите, германската валута се уште била марка. По воведувањето на еврото како официјална валута, Германија станала една од земјите кои одлучиле нивната валута, германската марка, и понатаму да има вредност, односно во ограничен рок да може да се замени со евро.

Благодарејќи на тоа, семејството на покојниот камионџија добило можност да ги искористи метални пари. Парите ги однеле до една банка, која тие пари ги проследила до Централната банка во Германија, чиј службеник Волфганг Кемерајт морал да ги избори сите за да дознае за колку пари станува збор.

-Секоја кованица мина низ моите прсти. Но, јас сакам да го работам ова, па не ми претставуваше проблем – рекол Волфганг.

Парите ги броел од мај па се до неодамна, значи околу 9 месеци. Кога броењето било завршено, на семејството му било соопштено дека наследиле вкупно 16.000 германски марки, односно 8.000 евра.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!