На Рибите често им се случува да сонуваат за работи кои им укажуваат на некои ситуации или пак важен настан кој подоцна ќе се оствари. Постојат два хороскопски знаци кои тешко, па речиси и невозможно е да ги излажете.
Причината е нивната развиена интуиција која ги наведува да ги направат вистинските работи. Поради тоа, доколку имате намера од нив да скриете нешто или пак да ги излажете, прво размислете добро поради тоа што веројатно тоа нема да ви успее.
Риби – Рибите често сонуваат за работи кои им укажуваат на некои ситуации или пак важни настани кои подоцна треба да се остварат. Нивниот внатрешен мир и задоволство прераснуваат во интуиција која ги води во речиси сите ситуации во животот во кои ќе се најдат.
Шкорпија – Луѓето родени во знакот на Шкорпија имаат моќно изразено чувство за сè и доволен им е еден поглед за да знаат кој што им мисли. Сè доживуваат низ душата и често точно предвидуваат што ќе се случи.
Сакаат адреналин и движења, па понекогаш поради тоа не сакаат да се послушаат себеси, што главно им се случува кога станува збор за љубовта.