РИБАТА КОЈА СЕКОГАШ ЈА КУПУВАМЕ Е НАЈОПАСНА ПО ЗДРАВЈЕТО: Немате поим што содржи

Загадувањето на морето и океаните е главниот проблем и причина за неквалитетните и штетните морски плодови. Затоа треба да внимаваме што купуваме.

Рибата е здрава храна, но во некои случаи може да биде и штетна. Затоа, на некои видови им треба дополнително внимание. Повеќето намирници денес ни се лесно достапни, но достапноста на разновидна стока не значи автоматски дека се е здраво и пожелно.

Ова особено се однесува на рибата, која генерално е многу здрава, но може да биде и опасна по здравјето доколку консумираме одредени видови од загадени подрачја. Рибата е богата со протеини, витамини, минерали и здрави омега-3 масни киселини , но што знаеме за оние видови кои ни доаѓаат од далечните делови на светот?

Многу од нив потекнуваат од загадени води или се одгледуваат во близина на големи фабрики и често нема соодветни мерки за проверка на составот, квалитетот и изворите на овие намирници. Загадувањето на морето и океаните е главниот проблем и причина за неквалитетните и штетните морски плодови. Затоа треба да внимаваме што купуваме.

Еве неколку упатства кога купувате риба.
Речна риба vs. морска риба
Видовите на слатководни риби поголемиот дел од својот живот го поминуваат во слатководни води – реки, езера и потоци. Поради ниското ниво на сол во слатката вода, овие риби ја задржуваат солта, која им е важна поради нејзините многубројни улоги во правилното функционирање на организмот.

Сепак, повеќето риби доаѓаат од морето и океанот, каде што имаат поголема достапност на храна, како што се алгите. Речната риба е посиромашна со омега-3 масни киселини отколку морската. Иако некои речни видови се многу добар извор на овие корисни хранливи материи, како што се пастрмка, сребрен крап, сом, крап и ракови.

Сепак, треба да избегнувате конзумирање на масни речни риби, како што е крапот, и да им дадете предност на послабите видови – пастрмка и костреж. Кога станува збор за морската риба, повеќето омега-3 масни киселини се наоѓаат во масните риби како што се харинга, лосос, скуша, бакалар, туна, сардина…

ЛОСОС
Tреба да се јаде бидејќи содржи многу витамин Д, витамин Б12, селен, омега-3 масни киселини. Но, секогаш избирајте го органскиот, кој има многу посветла, бледо розова боја, не е светло розова или портокалова како лососот од фармите.

Одгледаниот лосос се храни со вештачката боја кантаксантин за да добие експресивна розова боја, а токму таков лосос најчесто го гледаме на нашите рибни пазари. Научниците во 1990 година предупредија дека оваа боја е отровна и советуваа да се забрани нејзината употреба во сточарството, но тоа не беше прифатено.

САРДИНИ
тие се евтина и достапна опција, а во исто време се многу здрави. Тие се исклучително богати со витамин Д, здрави масти и калциум, бидејќи содржат мали коски.
СОМ
Иако нема доволно масти како лосос, туна, скуша и други масни риби, сомот има доволно омега-3 масни киселини и заслужува да биде на трпезата.

ПАСТРМКА
е слатководен вид риба која не може да живее во загадена средина, па затоа припаѓа на најквалитетната риба. Содржи исклучително висок процент на железо, па затоа се препорачува за луѓе кои боледуваат од анемија.

ОСЛИЧ
Е најзастапена морска риба кај нас бидејќи добро „толерира“ смрзнување, но и поради поволниот сооднос цена-квалитет. Месото од ослич е сочно, посно, исклучително богато со протеини и фосфор.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!