Ова момче секоја година станува татко на две до пет деца – избира жени во средни години

Тој самиот себеси се нарекува „најпознатиот донатор на сперма во светот“. Кај Горди има 27 години, живее во Лос Анџелес и татко е на дури 18 деца ширум Америка, а уште 5 се на пат.

Сите деца се родени во последниве 4 години, а неодамна призна дека една мајка живее во страв дека децата може да се сретнат, што би можело да доведе до проблематични односи. Тој вели дека таков инцидент може да се избегне, доколку родителите ги запознаат своите деца меѓусебно.

Кајл имал и Фејсбук страница на која ги промовирал своите услуги, но таа е отстранета. Дејли Меил пишува дека рекол дека добивал по стотици барања за пријателство дневно. Изборот не е едноставен, па секој месец одлучува да им „помогне“ на две до пет жени, откако ќе му ја раскажат нивната приказна. Исто така не мора секоја донација да биде со вештачко оплодување, тој нуди и секс како опција.

Првпат за ваков потег се одлучил во раните 90-ти, кога сфатил дека му е досадно во љубовните врски. Негов прв клиент бил брачен пар кој денес има две деца од 4 години и 14 месеци, двете благодарејќи на донациите на Кајл. Донирал низ различни градови ширум Америка.

Неговите клиентки имаат од 18 до 42 години, а не е исклучено и да му се обратат за второ дете. Исто така вели дека клиентките мора да наведат добра причина зошто го избрале него, а не банка за сперма.

Себеси се опишува како личност која доаѓа од добро семејство, неговите родители се високообразовани, неговиот татко работи како адвокат, а неговата мајка како програмер. За банките за сперма вели дека се проблематични, бидејќи не ги следат потомците на донаторите, па така може да дојде до инцести, па рекол дека тука тој има предност.

Наведува дека себеси се смета за добар донатор затоа што не се дрогира, не пуши, не пие алкохол и кафе. Јаде само храна која е добра за спермата, како пченица, кафеав ориз, овошје и зеленчук.

Неговата приказна објавена во американските медиуми предизвикала бура коментари, многумина пишуваат дека неговото размислување е чудно, егоистично и искрено. Како да мисли дека ги поседува своите деца.

Многумина искоментирале дека не е некој убавец, но дека изборот за него како донатор многу зборува за вкусот на жените во Америка. Еден од коментарите гласел: „Се прашувам како изгледаат останатите донатори, ако Кајл е најпопуларен“.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!