Овој град ќе ви плати 55.000 евра за да се преселите во него: Вистински бисер на Европа е, а ова се условите за да живеете во него

Живот во којшто би можеле да се опуштиме, да читаме книги, да гледаме филмови, да си поминуваме онолку време колку што сакаме во домот, а сепак да заработуваме многу е нешто што многумина од нас го сонуваат. Но, што доколку ви кажеме дека овој сон можеби може да го остварите?

Да, може да го живеете овој живот… Албинен, швајцарски град, им нуди пари на луѓето кои се подготвени да се преселат таму. Доколку се прашувате како е тоа можно и што доколку тоа е измама, бидете сигурни затоа што овој предлог дошол директно од нивната Влада.

За разлика од поголемиот дел од земјите и градовите со растечка популација, Албинен во Швајцарија се соочува со голем морталитет со само 240 луѓе кои останале во градот, така што нивната влада е подготвена да плати над 60.000 долари, односно над 55.000 евра или повеќе за четиричлено семејство кое е подготвено да се пресели таму.

За самци, понудата исто така важи, но парите сигурнo ќе бидат помалку. Мора да размислувате за проблемите кои овој швајцарски град би можел да ги има поради кои луѓето кои биле таму се иселиле. Па, пред сè тоа би можело да биде недостаток на можност за вработување, но за дигиталните номади, на пример овој град би бил оној од соништата.

Освен тоа, прекрасниот планински град е опкружен со поглед којшто го одзема здивот и е рај за живеење. Мирно е, има феноменален квалитет на воздухот и долги сончеви часови во текот на цела година.

Сепак, не е сè бесплатно, има и услов

Сите знаеме дека ништо не е бесплатно. Значи, за да уживате во животот од соништата и да го изградите во оваа прекрасна шума, сè што треба да направите е да се обврзете дека таму ќе живеете најмалку 10 години, да потврдите дека имате 45 години или помалку, да купите земјиште и да изградите една своја куќа или да се преселите во нова прекрасна куќа.

Меѓутоа, доколку одлучите да се отселите пред да поминат 10 години, ќе мора да ги вратите парите во Владата. Со надеж дека овој предлог ќе му користи на градот, ќе добие повеќе жители, ќе заработи дополнителни даноци, ќе добие повеќе купувачи и работна сила, Општинскиот совет веќе работи на усвојување на овој предлог-закон.

До тогаш, зошто не седнете и не разговарате со вашето семејство, можеби за трајно преселување во овој швајцарски град?

Извор: tocka.com.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!