ВИДЕО: Радост, солзи и еуфорија кај спасувачите откако цело семејство е извлечено од урнатините во Сирија

Борбата за опстанок се уште трае во Сирија и Турција по страшниот земјотрес што ги погоди областите во понеделникот рано наутро. Спасувачите извлекуваат преживеани, а речиси секое спасување е прогласено за чудо бидејќи многумина преживеале со часови и часови под урнатините на ниски температури.

Утрово беше објавено дека загинале околу 16.000 луѓе, а над 50.000 се повредени. Се стравува дека овие бројки ќе бидат уште поголеми. ABC NEWS објави видео кое ја прикажува радоста кај спасувачите откако цело семејство беше спасено во провинцијата Идлиб, Сирија.

Од урнатините се извлечени две девојчиња, момче и мајка и татко. Едно од преживеаните е четиригодишното девојче Бејз, кое е во добра здравствена состојба по се што поминала.

Извор: a1on.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!