Секунда пред најлошото: Драматично видео од спасување на човек на кого количката му се заглавила во шините

Камерата од опремата на полицајка во Калифорнија забележала неверојатно спасување во последен момент на човек чија количка се заглавила во шините додека возот доаѓал со огромна брзина.

Ерика Орориа го забележала човекот во количката како се обидува да ги мине шините на еден премин во Сакраменто во Калифорнија. Без размислување истрчала од полицискиот автомобил и притрчала кон човекот во моментот кога рампата веќе почнала да се спушта.

Возот се приближувал со неверојатна брзина. Успеала да дојде до него и да го извлече од инвалидската количка во последна секунда. На видеото се гледа дека возот поминал покрај нив додека паѓале на земјата.

Човекот од количката претрпел повреда на ногата и бил префрлен во болница, но животот му бил спасен во последен момент.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!